СЗО: Повторно давање бустери на постоечките вакцини не е добра стратегија против омикрон

2 mins read

Експертите од Светската здравствена организација предупредија дека повторното давање на дополнителни дози на оригиналните вакцини против ковид не е остварлива стратегија против новите варијанти и повикаа на нови вакцини кои подобро штитат од пренесување на болеста.

-Стратегијата за вакцинација базирана на повторени дополнителни дози на оригиналната вакцина веројатно нема да биде соодветна или одржлива, се вели во соопштението на Техничката советодавна група на СЗО за ковид-19 (TAG-Co-VAC).

Група експерти кои работат на проценка на ефектот на вакцините за ковид-19 повикаа на развој на нови вакцини кои не само што треба да ги заштитат луѓето заразени со ковид од сериозни болести, туку и подобро да спречат луѓето да се заразат со вирусот, така што светот подобро ќе се носи со нови варијанти на ковид како што е омикрон.

– Потребни се и треба да се развијат вакцини против ковид-19 кои имаат големо влијание во спречувањето на инфекцијата и пренесувањето, покрај превенцијата од тешки болести и смртни случаи, соопштија од советничката група.

Ова, наводно, ќе помогне да се намали „преносот во заедницата и потребата од ригорозни и сеопфатни јавно-здравствени и социјални мерки“.

Тие, исто така, сугерираа дека производителите на вакцини треба да се стремат да создадат вакцини кои треба „да предизвикаат имунолошки реакции кои се широки, силни и долготрајни за да се намали потребата за последователни дози“.

Како што се развива вирусот и додека не станат достапни нови вакцини, „можеби ќе биде неопходно да се ажурира составот на сегашните вакцини против ковид-19“, велат од групата.

Директор на Фајзер : Вакцината против омикронската варијанта ќе биде готова во март

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двајца полицајци отпуштени затоа што ловеле Покемони наместо крадци

Следно

Доктор Чолакова Дервишова: Ако матичните лекари престанат со работа пет дена, ќе крахира цел здравствен систем, ФЗОМ да не си игра со лекарите!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian