Руски научник за „Спутник Ве“: Не треба да се менува поради „омикрон“

3 mins read

Вакцината против коронавирусот „Спутник Ве“, за разлика од mRNA препаратите на компанијата „Фајзер/Бајонтек“ и „Модерна“, не треба да се менува поради новата варијанта на коронавирусот „омикрон“, вели директорот на „Гамалеј“ центарот, Александар Гинзбург, пред „Интерфакс“.

„Останува истата препорака – вакцинација со „Спутник Ве“ и ревакцинација со „Спутник лајт“ по шест месеци“, рече Гинзбург.

На 10 јануари, генералниот директор на биотехнолошката компанија „Модерна“, Стефан Баншељ за CNBC изјави дека работат на производство на специјална „бустер“ доза против „омикрон“, која треба да биде готова наесен. Извршниот директор на „Фајзер“ Алберт Бурла изјави дека вакцината на неговата компанија против „омикрон“ ќе биде готова напролет.

Двата препарати се засноваат на mRNA во однос на „Спутник Ве“, која е векторска вакцина.

Според Гинзбург, изјавите на овие компании за модификација на вакцината против Ковид се поврзани со фактот дека „нивните вакцини не делуваат против „омикрон“ во однос на руската вакцина што делува“.

Тој изјави дека тоа е потврдено со заедничко истражување на центарот „Гамалеј“ и италијанскиот национален институт за заразни болести „Лаџаро Спаланчани“.

„Кај mRNA вакцините, постои фиксна конформација на S-протеинот (распоред на атомите во молекула со одредена конфигурација IF), што добро функционира против варијантата „Вухан“ на вирусот, а во „Спутник“ не е фиксна, таа е флексибилна како змија. Затоа бројот на антитела кај луѓето кои се вакцинирани со „Спутник Ве“ е многу поголем, односно се формира широк спектар на антитела кои го неутрализираат вирусот“, објасни Гинзбург.

Тој изјави дека тоа е причината поради која „Спутник Ве“ работи против разни видови вируси.

Гинзбург смета дека бројот на вакцинирани секојдневно во Русија треба да биде десет пати поголем од сега, за да се достигне потребното ниво на колективен имунитет за половина година.

„Во Русија е неопходно да се вакцинираат 500-700.000 луѓе дневно, а оние кои биле вакцинирани пред шест месеци мора да се ревакцинираат. На овој начин за половина година би можеле да ја заштитиме целата земја од сите варијанти на вирусот. Засега делува против сите познати видови на вирусот, имавме среќа со оваа вакцина“, рече Гинзбург.

На 11 јануари министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашкин, објави дека во Русија за новогодишните празници биле вакцинирани и ревакцинирани 759.000 луѓе, а во текот на денот биле вакцинирани околу 70.000 луѓе, што е неколку пати помалку отколку пред празниците. Тој изјави и дека нема технички пречки за вакцинација.

Мурашко додаде дека при заедничкото руско-италијанско истражување било потврдено дека ревакцинацијата на пациентите со „Спутник лајт“ го неутрализира вирусот и го штити организмот од новиот вид „омикрон“.

Гинзбург во средината на декември рече дека пандемијата на коронавирус ќе заврши кога 70-75 отсто од руското население ќе добие антитела кои штитат од ковид, што е можно само со голем број вакцини во текот на шест месеци.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Нема да верувате што и купил принцот Вилијам на Кејт за роденден!

Следно

Малолетник извршил тешка кражба во ГТЦ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian