Потврдено – среќни и возбудени: Хана Хуљиќ и Петар Грашо ќе станат родители

1 min read

Врската која несомнено ја размрда јавноста минатата година и ги доведе фановите во позиција бурно да ја следат вистинитоста и возбудата на вестите околу неа сега ја има својата ултимативна потврда – двојката Петар Грашо и Хана Хуљиќ очекуваат принова!

Веста дека Петар Грашо очекува бебе со ќерката на неговиот пријател Тончи Хуљиќ, Хана, беше потврдена од ПР-от на популарниот пејач, Мартина Подгорски.

„Точни се информациите за бременоста на Хана Хуљиќ. Семејството и пријателите се многу среќни. Како што знаете, Хана и Петар се секогаш, и ќе продолжат да се трудат максимално да ја задржат својата интимност подалеку од очите на јавноста. Сеуште немаат планови за свадба“, изјави Мартина Подгорски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Grašo (@petar_graso_fp)

Се чини дека 45-годишниот пејач пронајде поголема љубов во 31-годишната Хана отколку што јавноста очекуваше, па по само неколку месеци врска се чувствуваа подготвени да го направат овој голем чекор.

Веста за нивната врска ја разбрануваше јавноста со неочекуваната контроверза околу возрасната разлика и поврзаноста помеѓу Петар и Хана, но и заради фактот дека Грашо ја прекина долгогодишната врска со пејачката Данијела Мартиновиќ, што своевремено дополнително предизвика бурни реакции.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нема разговори со Барса, Димитриевски има понуда од Саудиска Арабија

Следно

Кромид „без солзи“ за прв пат во продажба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian