Поради задолжителна вакцинација пратеник на Народната партија на Австрија ја смени партијата

1 min read

 Пратеникот на Народната партија на Австрија (ОВП) во Собранието на Виена, Волфганг Кислих, премина во редовите на Партијата на слободата (ФПО) поради одлуката за воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот.

Кислих се приклучи на парламентарниот клуб на ФПО, партија која е против епидемиолошките мерки и чиј лидер на федерално ниво, Херберт Кикл, го промовира ветеринарниот лек иверметкин како лек против ковид. Кислих до декември минатата година беше претседател на 11-та виенска општина.

Кислих повеќе од 25 години беше член на ОВП во Собранието на Виена.

– Денеска е еден од најтешките денови во мојот живот, изјави Кислих и додаде дека со задолжителната вакцинација неговата партија ја преминала „црвената линија” за него.

Кислих во последно време е во центарот на вниманието на јавноста бидејќи беше последниот невакциниран пратеник во Собранието на Виена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Реакција од Град Скопје на соопштението на СДСМ 12.1.2022

Следно

Морачанин за новиот тим на Ковачевски: Ако нема резултати треба сите да се менливи и минливи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian