Почина познатиот стаорец Магава: Херојот кој доби златен медал за откривање мини

1 min read

Стаорецот Магава, кој се прослави откако доби златен медал за храброст поради успешното откривање на мини, почина на деветгодишна возраст, објави Си-Ен-Ен.

Магава пет години служеше како „деминeр“, а успешно имаше „намирисано“ повеќе од 100 мини и други слични експлозивни направи во Камбоџа. Со тоа, тој е најуспешниот стаорец трениран од белгиската хуманитарна организација „Апопо“ за наоѓање мини.

Во 2020 година, Магава доби златен медал за храброст, а „се пензионираше“ во јуни 2021. Стаорецот бил одгледуван во Танзанија, а минал една година „тренинг“ пред да биде однесен во Камбоџа.

Магава „исчисти“ повеќе од 141.000 квадратни метри земја, што е еднакво на 20 фудбалски игралишта. Тој тежел 1,2 кг и бил долг 70 цм – доволно мал и лесен за да не ги активира мините при преминување преку нив. Му биле потребни само 20 минути да пребара терен колку тениско игралиште, додека на човек со детектор за метал му требаат меѓу еден и четири дена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сообраќајка во Скопје, едно лице загина

Следно

Неисчистениот снег на Деве Баир создаде километарска колона, камионџиите реагираат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian