Нема разговори со Барса, Димитриевски има понуда од Саудиска Арабија

1 min read

Изминатиот период се шпекулираше дека следниот клуб во кариерата на македонскиот репрезентативен голман би можел да биде гигантот на Барселона.

Столе Димитриевски одговори на ваквите шпекулации, за шпанските медиуми изјави нема никаква информации за можен трансфер на „Камп Ноу“.

Нашиот чувар на мрежата сезонава игра во одлична форма во дресот на Рајо Ваљекано, перформанси кои придонесуваат и за добрите резултати на оваа екипа во шпанската „Ла Лига“.

Димитриевски статистички е помеѓу најдобрите голмани во Европа, односно на четвртото место во Топ 5 најсилните фудбалски лиги на Стариот континент.

Познатиот новинар и експерт за трансфери, Фабрицио Романо на својот Твитер профил објави дека Македонецот нема разговори со Барса како што стојат работите, а од Рајо се надеваат да го задржат во своите редови.

Воедно во својата објава вели Димитриевски има понуда од Саудиска Арабија, односно Ал-Наср за неговите услуги нуди 3,5 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски: Владата реагира навремено и ефикасно во енергетската криза

Следно

Потврдено – среќни и возбудени: Хана Хуљиќ и Петар Грашо ќе станат родители

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian