Во различни делови од Скопје вчера имало случаи на каснување од куче скитник. Граѓаните инцидентите ги пријавиле во полиција и притоа се забележани следните случаи:
Во Полициската станица Аеродром, вчера во 11:20 часот М.А.(26) од Неготино со живеалиште во Скопје пријавила дека на улица „Бојмија“ била касната од куче скитник.
Во Полициската станица Гази Баба, вчера во 10:50 часот Д.С.(72) од Скопје пријавил дека во населбата Хиподром бил каснат од куче скитник.
Во Полициската станица Драчево, вчера во 19:30 часот Ѓ.А.(71) од Скопје пријавил дека на улица „Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник.
Извор: skopjeinfo.mk