Неисчистениот снег на Деве Баир создаде километарска колона, камионџиите реагираат

1 min read

Превозници од повеќе држави, возачи на шлепери, повеќе од пет часа стојат заглавени во колона пред граничниот премин Ѓуешево, кај границата помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Како што изјавуваат превозниците, во повеќеметарската колона од бугарската страна на границата се наоѓаат превозници од повеќе држави, С.Македонија, Турција, Романија, Србија, а застојот се прави поради неисчистениот терминал на Деве Баир, на нашиот граничен премин.

-Секоја година наидуваме на истиот проблем, неколку години по ред и првиот снег е веднаш пречка за непречено одвивање на сообраќајот. Снегот не е повеќе од десет сантиметри, но проблемот е што нема никој што го чисти терминалот, па преминување преку него е потешкотија и веќе шести час сме тука, премрзнати во колона, изјави еден од превозниците.

Тие апелираат до надлежните конечно да се вклучат во решавање на проблемот бидејќи, како што посочуваат, се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи.

Патничките моторни возила што минуваат на терминалот од С.Македонија кон Бугарија се движат непречено.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина познатиот стаорец Магава: Херојот кој доби златен медал за откривање мини

Следно

ЕВРО 2022: Македонија ќе игра во „екс-ју“ група заедно со светскиот шампион Данска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian