На бугарските универзитети стипендии за двојно повеќе студенти од Македонија

2 mins read

Државно субвенционираните места за прием на студенти од Република Северна Македонија на бугарските универзитети двојно се зголемуваат – од „до 150″ на „до 300″. До пет студенти ќе можат да ги продолжат своите докторски студии преку редовната форма на образование.

Ова денеска го одлучи Министерскиот совет со измена на уредбата за прием на граѓани на Република Северна Македонија за студенти во државните високи училишта на Република Бугарија, соопшти прес-центарот на Министерството за образование и наука (МОН).

Дополнителните средства за државните универзитети за дополнителните места изнесуваат 530.000 лева и ќе се обезбедат од државниот буџет.

Денеска усвоените измени ги предложи Меѓуресорската работна група за пријавување и прием на студенти од Република Северна Македонија во јавните високообразовни установи, која премиерот ја формираше во септември годинава. Промените се насочени кон проширување и зајакнување на образованието, како приоритетна област на бугарската политика кон Република Северна Македонија и Бугарите кои живеат таму.

Со измени во друга владина уредба се овозможува на студентите од бугарската дијаспора кои немаат документ за бугарско државјанство да аплицираат и на бугарските универзитети. Станува збор за луѓе од бугарска националност, кои го користат бугарскиот јазик и се идентификуваат како Бугари. Тие мора да потекнуваат од населба што била дел од бугарската држава или Бугарската егзархија во минатото, или да имаат роднини со имиња од бугарскиот традиционален систем на семејни имиња или да бидат дел од бугарска заедница или бугарско малцинство во друга земја.

Истите права ги добиваат и кандидатите од бугарска националност, но без бугарски пасош, доколку имаат посебни заслуги за зајакнување на бугарската духовност, за зачувување на националната самосвест, начин на живот и култура кај бугарските заедници во странство.

Студентите од бугарската дијаспора се ослободени од такси за аплицирање и школарина доколку се државјани на една од следните земји: Албанија, Казахстан, Косово, Република Молдавија, Република Северна Македонија, Србија и Украина.

Измените стапуваат на сила во учебната 2022/2023 година, информираат од Министерството за образование и наука.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Данска ги олеснува мерките и покрај заканите на омикрон

Следно

Лазаревски од РК Металург направи трансфер во Словенија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian