Можно е натпреварот Италија – Македонија да се игра на неутрален терен!

2 mins read

И натаму не е сигурно познато во кој град ќе се игра полуфиналниот натпревар од мундијалскиот бараж во март помеѓу Италија и Македонија.

Првично се објави дека Палермо ќе биде домаќин на овој меч, но веднаш потоа италијанската фудбалска федерација забележа недостатоци и најави дека ќе се вложат 200.000 евра за реконструкција на стадионот „Ренцо Барбера“.

А и селекторот на италијанската репрезентација, Роберто Манчини рече дека теренот се наоѓа во лоша состојба.

Овој меч всушност е во центарот на некои здравствени спорови поврзани со анти-ковид рестрикциите. Италијанските медиуми пишуваат дека можно е дуелот да се игра во странство, а не во нивната земја.

Пренесуваат дека повеќето македонски репрезентативците се вакцинирани со „Спутник“ (има и невакцинирани), вакцина која не е одобрена од италијанската Влада.

Поради тоа нашите најдобри фудбалери не би имале пристап до спортските објекти и, следствено, да не излезат на теренот во баражот. Светската фудбалска куќа (ФИФА), информирана за фактите, го разгледува секое можно решение.

Поради тоа натпреварот, како што пренесува „Ла Република“, би можел да се игра на неутрален терен. Најсензационална алтернатива би била Македонија да биде исклучена од натпреварот од страна на ФИФА, а Италијанците директно бидат пласирани во финалето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Општина Битола доби владина поддршка за справување со штетите од земјотресот

Следно

Србија и натаму со над 10 000 заразени од коронавирус, денеска 12 877

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian