Морачанин за новиот тим на Ковачевски: Ако нема резултати треба сите да се менливи и минливи

1 min read

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вели дека допрва ќе ја анализираат владината програма и дека ќе видат што е внесено од нивните програмски барања. Таа потврди дека денеска помалите коалициски партии ќе имаат средба за измените на Изборниот законик во делот на изборниот модел. Морачанин смета дека на новиот тим на Ковачевски треба да му се даде шанса, но тие коишто нема да покажат резултати треба да бидат сменети.

-Очекувам дека министрите ќе можат да ги извршуваат обврските за кои се назначени, дека ќе ги реализираат очекувањата на граѓаните, институциите поефикасно ќе функционираат и дека ќе има поголема одговорност за да се постигнат резултатите кои сакаме да ги постигнат. Но ако нема резултати треба сите да се менливи и минливи. Најважно е да има резултати – вели Морачанин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поради задолжителна вакцинација пратеник на Народната партија на Австрија ја смени партијата

Следно

Официјално: Коман го продолжи договорот со Баерн

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian