Минчев принуден да го покаже позитивниот тест поради кој целиот бугарски државен врв е во карантин

3 mins read

Откако во понеделникот по шестчасовната седница на Консултативниот совет за национална безбедност претседателот на бугарското Народното собрание Никола Минчев соопшти дека направил корона тест и имал позитивен наод, целиот бугарски државен врв кој присуствуваше на овој состанок влезе во карантин.

Минчев потоа беше мета на напади од политичките опоненти кои изразија сомневање во неговите изјави и побараа да го покаже позитивниот корона тест.

-Им благодарам на сите што се заинтересираа за мене и моето семејство. Добро сме. Оние кои пројавуваат нездрав интерес, главно за политички алузии во сопствен интерес, ќе ги оставам без коментар“, напиша спикерот бугарскиот парламент на својот Фејсбук профил. 

“Но, очигледно должам информации и секако дека ќе ги дадам. Поради огромниот број луѓе кои ги среќавам секој ден, почесто правам тестови. Истото го направив и во неделата и беше негативен. По состанокот на Консултативниот совет направив повторно тест кој за жал даде позитивен резултат и за тоа ги известив лицата со кои бев во контакт“, објаснува Минчев.

Тој се осврна на нападите од опозицијата па додаде:

„Јасно е дека некои луѓе, особено опозицијата, се обидуваат да добијат придобивките од оваа ситуација. Искрено или не, ваква е ситуацијата. Да се ​​случеше по пленарен ден во Националното собрание, веројатно ќе беше исто. Инаку добро сме. Благодарам!“, истакна Минчев.

Лидерот на опозициската партија Преродба Костадин Костадинов остро реагираше на објавените информации од Минчев и постави неколку прашања на социјалните мрежи, а притоа го објави и својот негативен тест за споредба.

„Побарав од претседателот на Националното собрание јавно да го објави неговиот позитивен тест за присуство на ковид-19. Денеска конечно се согласи да го стори тоа. Ова е фотографијата од неговиот личен профил.

Сепак, две работи се загрижувачки:

1. Никаде го нема името на лицето на кое му е направен овој тест.

2. Во горниот лев агол се става час. Ако ова е време на тестот, тоа покажува 9:57. Тоа значи дека Минчев го направил тоа утрото на 10 јануари, дознал дека е болен (под претпоставка дека покажаниот тест е негов), а потоа отишол во КСНБ, знаејќи што ќе се случи понатаму.

За мене се отвори уште повеќе прашањата по текстот што го напиша Минчев. За споредба, го прикажувам мојот тест од вчера за да видите како изгледа вистински лабораториски документ. Кога ќе заврши мојот домашен притвор, наречен карантин, ќе му ги поставам овие прашања лично и јавно. Се надевам дека тогаш ќе се расчистат сите нејаснотии. Во спротивно, човекот да биде жив и здрав, како и неговите блиски Во понеделникот немаше ништо, а сигурен сум дека и сега е така, напиша Костадин Костадинов.

Партијата Преродба на Костадинов се залага за укинување на сите мерки за борба против коронавирусот, вклучувајќи ги вакциналните сертификати и евентуалана задолжителна вакцинација на граѓаните.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Реал ја елиминираше Барса за финале во шпанскиот Суперкуп

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Србинка руши рекорди со својот задник: Се чувствува секси и моќно, сака да се здебели уште 25 килограми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian