Македонските футсалци ќе имаат двомеч против светскиот шампион

1 min read

Македонската футсал репрезентација на 13 и 14 јануари во Лисабон ќе одигра два контролни натпревари против футсал селекцијата на Португалија.

Нашите футсалци добија покана за двомеч против светскиот шампион Португалија, селекција која се подготвува за настап на Европското првенство во Холандија кое ќе започне на 19 јануари.

Како што информираат од ФФМ, двата меча ќе се одиграат во спортскиот центар на Португалската фудбалска федерација.

Составот на македонската репрезентација за овие дуели: Антонио Петровски, Иван Стојановски, Зоран Левески, Игор Леовски, Дарко Ранготов, Јакуп Рамадан, Мартин Тодоровски, Таулант Исмаил, Иван Крстевски, Еркан Сефери, Драган Петровиќ, Реџеп Сулејман, Ферид Агуши, Ѓокица Џо Арсовски;

Нашиот репрезентативец, Драган Петровиќ ќе го запише 100 настап во дресот на најдобрата македонска футсал селекција. Првиот натпревар е четврток со почеток од 09.00 часот, а во петок е втората пресметка која ќе стартува од 18.45 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гори во примарното здравство: Матичните лекари се закануваат со штрајк, најдебелиот крај ќе го извлечат пациентите

Следно

Зетот на Тоше Проески: Ова со гитарата е маркетиншки трик кој си го направиле во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian