Ковачевски ќе ангажира две угледни професорки – Македонки во Англија и Германија за советнички

1 min read

Мандатарот Димитар Ковачевски вечерва на ТВ Телма објави дека преговара со две угледни македонски експерки кои работат во Англија и Германија како можни советнички во екот на економската и енергетска криза која ја зафати и државава.

-Меѓу новите советници ќе биде наша Македонка, професорка на „Ворвик“, бизнис школата во Англија, која ќе биде советник за финансии, која е еден од најголемите светски експерти во делот на корпоративните финасии и даночната сфера. Ќе ни биде од голема помош. Во план сум да разговарам со уште една Македонка, која е дел од Берлинскиот универзитет во областа на енергетиката, соопшти Ковачевски во емисијата „Топ тема“.

Тој најави направи анализа во однос на начинот на кој беше пресретната енергетската криза во државата.

Ковачевски како иден премиер најави и промени во досегашниот кабинет на екс премиерот Зоран Заев при што првично ќе прави ревизија на резултатите на досегашните советници:
-Веднаш побарав листа на сите советници. Гледам дека според називите не се сите советници. Можеби некој врши линиска работа во текот на работниот ден. Мојот иден шеф на кабинет го заложив да подготви еден извештај во кој ќе се видат резултатите на советниците, додаде Ковачевски.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кои се најмоќните пасоши во светот за 2022 година?

Следно

ВИДЕО: Челси е првиот финалист во Лига купот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian