Хенман: Ѓоковиќ ќе има непријателска атмосфера на турнирот во Мелбурн

1 min read

Тим Хенман, повеќекратниот полуфиналист на „Вимблдон“, е убеден дека Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со непријателска атмосфера на трибините за време на грен слем турнирот во Мелбурн, Австралија.

Доколку српскиот тениски ас настапи на „Австралија опен“, според некои ќе помине како „бос на трње“.

Хенман вели дека Ѓоковиќ ќе мора да се соочи со револтираните навивачи штом стапне на теренот.

– Верувам дека ќе биде една многу непријателска атмосфера. Сите знаеме низ што поминуваа луѓето во Австралија во последните неколку години преку тие блокади поради пандемијата на коронавирусот, многу луѓе не можеа да се вратат дома и мислам дека Новак нема да биде топло пречекан кога ќе се појави на теренот – рече Хенман.

Поранешниот британски тенисер Хенман смета дека тоа нема да биде добро за тенисот.

– Тоа се несреќни околности за турнирот. Тоа е голем настан во Австралија и таму поминуваат низ различни предизвици низ годините. Само се надевам дека тоа што се случи во изминатиот период нема да го засени целиот турнир – се зборовите на Хенман.

Мареј бара одговори од Ѓоковиќ

УРНЕБЕСНО ВИДЕО| Бугари снимија хит песна за Новак: Лудиот Ноле ќе ги финтира и нема да се вакцинира

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Д-р Беќаровски со интригантна објава: Мажи, спремајте ги паричниците за 8. март

Следно

Во центарот на Белград поставен првиот „Заеднички фрижидер“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian