Гори во примарното здравство: Матичните лекари се закануваат со штрајк, најдебелиот крај ќе го извлечат пациентите

5 mins read

Примарното здравство во Македонија влегува во мега-криза. Ќе се затвораат десетина матични ординации, лекарите се во поодминати години, а младите не сакаат да ги заменат. Според информациите на „Слободен печат“, синоќа е формирано координативно тело со тројца претставници на матичните лекари кои на првиот ден од седнувањето во фотелјата на новиот директор на Фондот за здравствено осигурување ќе му достават список со барања.

-Ако за ден или два не ни ги исполнат барањата, излегуваме на штрајк. И бидејќи ни е дозволено да штрајкуваме само половина час, ќе ги затвориме ординациите. Казните кои ги добиваме од Фондот се драконски. Ако не ги потпишеме тие казни, тогаш ни се раскинува договорот и седум години немаме право да работиме со Фондот. Се околу овој штрајк ќе официјализираме денеска, но состојбата е алармантна и после подолго време сме исклучително обединети и решителни, вели за „Слободен печат“ доктор Ненад Лазаров, приватен матичен лекар од Скопје.

Пандемијата со коронавирусот која не е ни на почеток на крајот, ги преполни матичните ординации. Пациентите чекаат во редици и за преглед и за термин. Матичните лекари се истоштени и прегорени од работа. Дел од нив најавиле дека ќе си одат. Со нив, матичните ординации ќе ги загубат и прикрепените пациенти, па немаат како да исплаќаат плати. Општо, ова ќе доведе до затворање на десетици ординации во државата, која располага со само околу 1200 матични ординации.

Она коешто додаде сол на раната на матичните лекари во пандемијата, покрај лошиот државен третман на кој се жалат, е фактот што ФЗОМ предновогодишно ги поздрави со казни за административни пропусти.

-Казните се за многу лекари низ цела Македонија. Изгледа сакаат да не постои веќе матичен лекар. Ниеден млад не сака да работи како матичен. Тоа е поразително за една држава на долг рок. Многу рурални амбуланти се затвораат. Матичните стареат и нема кој да ги замени. Народот, особено руралното население ќе се соочи со недостиг на здравствена грижа. Ова ќе биде крах на веќе и онака трулиот здравствен систем, вели матичниот лекар Митко Манчев кој има своја ординација во струмичко Ново Село.

И тој е еден од стотиците матични лекари што празнично бил повикан во просториите на ФЗОМ итно да ја потпише својата казна од 15 илјади денари, зашто препишал лек на 90 годишен пациент со остеопороза, а пациентот имал истечен специјалистички извештај.

-И мене ме викнаа од Фондот ,,итно” да ја потпишам казната од 2019 година замислете за лек со изминат рок на извештај. Апсурдот да е поголем, лекот чини 500 денари, а казната е 15 илјади денари. Фондот не е оштетен со тој препишан лек, зашто на пациентот доживотно ќе му треба, а немало термини за да оди на специјалист да си го продолжи извештајот. Ако јас се прашувам во моментов не сакам да работам ни минута повеќе во овој трул здравствен систем и еве кажувам ајде сите заедно да кажеме стоп за индолентниот однос на властите кон матичните лекари. Крајно време е за штрајк, вели доктор Манчев.

Тој додава дека насекаде во светот матичните лекари во време на пандемија се наградувани затоа што секојдневно се во првите борбени редови со болни пациенти, кои ги прегледуваат и ги лекуваат.

-Како награда за ризикот по сопственото здравје и здравјето на нашите семејства добивме казни. Нели договорот беше во време на пандемија да нема вакви небулозни и ступидни казни за една рецепта со истечен рок на специјалистички извештај. И на никој не ги прифатиле жалбите и дури и ми се јавија од фондот обврзувачки под итно да дојдам да ја потпишам и платам казната. Нема да ги оставам пациентите и да трчам кај нив до Струмица. И замислете, сето тоа е за лек од 500 денари кој пациентот и понатаму си го прима поради хроницитетот на болеста, а нас не казнуваат со најмалку 15 илјади денари, вели Манчев.

Доктор Чолакова Дервишова: Ако матичните лекари престанат со работа пет дена, ќе крахира цел здравствен систем, ФЗОМ да не си игра со лекарите!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Анкета: Перкес и Макрон би добиле ист број гласови во вториот круг од претседателските избори

Следно

Македонските футсалци ќе имаат двомеч против светскиот шампион

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian