Денешната фудбалска програма нуди три фантастични натпревари кои сигурно фановите со нетрпение ги очекуваат.
Ширум Европа на распоредот се три дерби мечеви во Шпанија, Англија и Италија.
За почеток, од 20.00 часот на стадионот „Кинг Фахд“ во Ријад (Саудиска Арабија) силите ќе ги одмерат Барселона и Реал Мадрид во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп.
Потоа, од 20.45 часот екипата на Тотенхем на стадионот во Лондон ќе го игра полуфиналниот дуел од англискиот Лига куп против Челси. На првиот дуел лондонските „сини“ славеа на „Стемфорд Бриџ“ со 2:0.
А од 21.00 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано во финалето на италијанскиот Суперкуп, Интер за противник го има Јувентус.