ФК Вардар со мисија годинава да се врати во Првата лига

1 min read

Денеска фудбалерите на Вардар ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од натпреварувачката сезона 2021/2022.

Првиот дел од подготовките ќе биде во Скопје и акцент ќе биде ставено на физичкиот аспект.

А на 24 јануари фудбалерите заминуваат во Анталија (Турција) за вториот дел од подготовките каде што ќе се играат и контролни натпревари.

Сите фудбалери се максимално мотивирани и подготвени за исполнување на зацртаните цели за оваа сезона.

Потсетување дека на почетокот од 2022 нов член на „црвено-црните“ стана Дарко Мицевски кој потпиша договор на четири и пол години.

Моментно во Втората лига – Запад Вардарци се на третата позиција со 29 бодови, два помалку од второпласираната екипа на Воска Спорт, а водечки е Силекс (41) кој ита кон елитата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Матичните лекари се заканија со штрајк: Ќе ги затвориме ординациите, ќе страдаат недолжни пациенти!

Следно

ВИДЕО | Бугарско МВР: На протестите во Софија се повредени девет полицајци, двајца демонстранти се приведени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian