ЕВРО 2022: Македонија ќе игра во „екс-ју“ група заедно со светскиот шампион Данска

4 mins read

Данска го освои Светското првенство во 2019 и 2021 година, но ги разочара навивачите на последното ЕП 2022 кога не успеа да ја помине ни првата фаза и на крајот завршија дури на 13 место, што е нетипично за нив, бидејќи скоро секогаш се наоѓаат во борбата за медали.

И овојпат светските обложувалници им даваат најголеми шанси на Данците да ја освојат европската титула оваа година, фаворити пред Франција, Шпанија, Норвешка, Шведска, Унгарија, Хрватска…

Тешко е за очекување дека оваа скандинавска селекција може второ по ред ЕП да потфрли, во своите редови го има Микел Хансен, најдобриот стрелец во историјата на оваа репрезентација. Тука се и голманот Никлас Ландин, како и 22-годишниот Матијас Гидсел, левиот бек кој беше одличен на СП во Египет.

Кирил Лазаров: Влегов со многу енергија и ентузијазам во оваа работа и затоа сум сигурен во успех

Македонија има ракометна традиција и посакуваме успешен победнички старт како што тоа беше на претходните две Европски првенства. На првите две тестирања ракометарите на Кирил Лазаров беа негативни, но на последното трето тестирање пред заминувањето за унгарскиот Дебрецин, четири играчи добија позитивни тестови на ковид-19.

Светската ракометна легенда, Лазаров, десниот бек на Нант ќе ја има улогата на селектор-играч. На претходниот Мундијал разочаравме со 23 место, а сега очекувањата се подобри игри иако ќе биде тешко во оваа екс-ју група со Словенија и Црна Гора, и плус светскиот шампион да се дојде до една од првите две позиции кои водат во следната фаза.

Покрај Лазаров, тука е и искусниот Стоилов, Миркуловски, Георгиевски, требаше да биде и Митревски, но беше позитивен на ковид-19, но тој добро се чувствува и нема никакви симптоми. Се надева дека по пет дена (заедно како и останатите заразени) и два негативни теста ќе бидат во можност да патуваат на ЕП.

Се очекува нашиот селектор да им даде шанса и на помладите, да докажат зошто го носат репрезентативниот дрес. Против Словенија двапати игравме на ЕП, двапати победивме, еднаш триумфиравме над Црна Гора, а загубивме трипати од Данска.

Составот на Македонија –
Голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајкоски – леви крила: Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски – леви бекови: Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски – средни бекови: Филип Миркуловски, Игор Горгиев, Марко Митев, Горан Крстевски – пивоти: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Костадин Петров, Кристијан Симоновски – десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов – десни крила: Никола Костевски, Гоце Георгиевски.

СЛОВЕНИЈА –

Словенечкиот ракомет бележи голем напредок, откако репрезентацијата го пропушти ЕП 2014, 10 години после среброто, во 2016 беше на 14 позиција, осмопласирана во 2018 и четврта пред две години кога беше поразена во мечот за бронзата во Норвешка. Играчите на Љубомир Врањеш покажаа дека можат да бидат рамноправни против секого, доста играчи настапуваат во врвни клубови. Тука се искусните Јуре Доленец (Барса) и Миха Зарабец (Кил), а за каталонскиот клуб играат уште големата надеж Домен Макуч, и Блаж Јанц.

ЦРНА ГОРА –

Црногорците се надеват на подобар настап во однос на последното ЕП кога го освоија 18 место. Од своето деби во 2008 година, чекаа 12 години да ја запишат првара победа, против Србија (22:21). Токму против нас и Словенците ја чекаат шансата за втората позиција, покрај дефанзивата и добриот голман Небојша Симиќ, во нивните редови владее тимски дух.

Европско првенство 2022 (Унгарија/Словачка)

ГРУПА „А“ (Дебрецин, Унгарија)

13 јануари

18.00 часот Словенија-Македонија
20.30 часот Данска-Црна Гора

15 јануари

18.00 часот Македонија-Црна Гора
20.30 часот Данска-Словенија

17 јануари

18:00 Црна Гора-Словенија
20.30 Данска-Македонија

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар на Македонија на ЕП

Распоредот на натпреварите од првата фаза на Европското првенство 2022

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неисчистениот снег на Деве Баир создаде километарска колона, камионџиите реагираат

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Хајди Клум без долна облека, со шлиц до врат: Ова е мојот нов омилен фустан!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian