Двајца полицајци отпуштени затоа што ловеле Покемони наместо крадци

1 min read

Двајца полицајци од Лос Анџелес добиле отказ бидејќи наместо разбојници ловеле Покемони, пишува Би-би-си.

Полициските службеници не се одзвале на повикот да реагираат на грабежот што се случил недалеку од паркингот каде што се наоѓале. Причината е што морале да го ловат Снорлакс, Покемон кој е многу тешко да се фати.

По истрагата, полицајците добиле отказ, а снимката од камерата од автомобилот открила дека полицајците ја играле популарната игра додека се на должност.

„Откако ги игнорирале повиците, Луис Лозано и Ерик Мичел разговараа за Покемоните и се возеа до локациите каде што се појавија Покемони за лов“, се наведува во судските документи.

Двајцата полицајци негирале дека ја играат играта, но секако биле отстранети од должноста.

Адвокатите на полицајците тврделе дека камерите во полициските автомобили не треба да се користат за снимање приватни разговори. Надлежниот суд ја одби тужбата. Апелациониот суд подоцна ја потврди одлуката на првостепениот суд, велејќи дека правата на двајцата поранешни полицајци не биле повредени.

Полицајците биле прогласени за виновни за неодговарање на повик, давање лажни изјави под истрага и играње на игра при работна должност.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Дали „The Weeknd“ потврди дека е во врска со Анџелина? Одговорот е во нова песна (ВИДЕО)

Следно

СЗО: Повторно давање бустери на постоечките вакцини не е добра стратегија против омикрон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian