Нашиот пејач Димитар Андоновски и неговата сакана Христина станаа родители по вторпат.
ФОТО | Пејачот Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина ќе станат родители по вторпат
Денес пејачот на својот инстаграм-профил ја сподели среќната вест дека Христина на свет го донела нивниот втор син. Андоновски откри и кое име му го дале на својот втор наследник.
„Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина Андоновски по втор пат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на нашиот втор син. Добродојде сине Гаврил да ми си здрав жив и благословен да се радуваме заедно цел живот“, напиша Димитар во описот на фотографијата .
View this post on Instagram
Димитар и Христина веќе го имаат синот Михаил, кој сега си доби братче. Откако пејачот ја објави веста во коментарите се нижат бројни честитки од неговите пријатели и обожаватели.
„Жив и здрав да е Гаврил, горди да ве прави“, „Честитки Диме! Жив, здрав и насреќен да е!“, „Честитки! Да ви е здрав и жив, најсреќен со мама, тато и бато“. „Ви ја честитам радостта!“, се само дел од коментарите.
Извор: www.slobodenpecat.mk