Убедлива победа на Саутемптон пред новиот газда

1 min read

Фудбалерите на Саутемптон остварија убедлив триумф над Брентфорд од 4:1 во заостанатиот натпревар од 18 коло од Премиер лигата.

Ова воедно беше прв натпревар за Саутемптон откако има нов сопственик, српскиот мултимилионер Драган Шолак, кој победата на неговиот тим ја следеше од трибините на „Сент Мери“ стадионот.

Саутемптон поведе уште во петтата минута со голот на Беднарек, но гостите во 23 минута дојдоа до израмнување. Стрелец на единствениот гол за Брентфорд беше Џанелт.

До крајот на првиот дел, „светците“ ја вратија предноста откако Фернандез во 37 минута со постигна автогол. Во второто полувреме, победата ја заверија Броха и Адамс по што Саутемптон се искачи на 11 место на табелата со 24 бода. Брентфорд е 13 со еден бод помалку.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новото мнозинство е формирано на шверцерски начин, вели потпретседателот на АА, Азири

Следно

Како модата ќе ни помогне повторно да се чувстуваме добро во 2022 година?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian