Традицијата во Јапонија продолжи и покрај падот на цените: Продадена туна за 150 илјади долари

1 min read

Џиновската сина туна беше продадена за 17 милиони јени на традиционалната новогодишна аукција на рибниот пазар во Токио.

Туната тешка 211 килограми, уловена во близина на Ома во северна Јапонија, продадена за 16,9 милиони јени (197.604 долари), или 80.000 јени по килограм. Ова е трета година по ред како туната се продава по пониска цена од очекуваната, пишува Индепендент.

Јапонската веледрогерија Јамајуки се здружи со синџирот за производство на суши Онодер и победија на аукцијата.

Овогодинешната цена беше пониска за 20,84 милиони јени, колку што беше платена туната на пазарот пред една година.

Поради пандемијата на коронавирусот, цената на рибата падна бидејќи луѓето престанаа да јадат надвор од своите домови.

Јапонскиот синџир за суши Kyomura, предводен од самопрогласениот „крал на туната“ Кијоши Кимура, платил рекордни 333,6 милиони јени во 2019 година за целата туна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мексиканскиот претседател по втор пат позитивен на ковид, но останува оптимистичен: „Се ближи крајот на вирусот“

Следно

Новото мнозинство е формирано на шверцерски начин, вели потпретседателот на АА, Азири

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian