Средба на филателистите со министерката за култура Стефоска

1 min read

Делегација на Сојузот на филателистите на Македонија оствари средба со министерката за култура Ирена Стефоска. На средбата министерката се запозна со активностите на Сојузот, кој постои повеќе од 70 години и во кој членуваат филателисти кои собираат поштенски марки и придружен филателистички материјал, но и нумизматичари и колекционери на најразлични збирки.

Членовите на делегацијата на министерката Стефоска и претставија комплет пригодни пликови во издание на Сојузот,  со поддршка од Поштата на Република Северна Македонија, а во рамки на својот проект „Сто години од раѓањето на седум народни херои, 1921 – 2021“. На средбата беше најавено и дека во 2022 година Сојузот на ист начин ќе ја одбележи и стогодишнината од раѓањето на уште тројца народни херои: Ѓоре Дамески, Вангел Нечевски и Бајрам Шабани.

Министерката Стефоска подвлекувајќи го значењето на проектите истакна дека Министерството за култура ќе се заложи културните институции да бидат вклучени во промоциите на идните активности на Сојузот на филателистите на Македонија.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

Како модата ќе ни помогне повторно да се чувстуваме добро во 2022 година?

Следно

Азискиот гепард пред изумирање, во дивината во Иран ги има само 12

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian