Рекордни бројки на новозаразени и во Албанија – 2.177 во последните 24 часа

1 min read

Во Албанија регистриран е нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19 или 2.177 што е највисока бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата.

-Бројот на заразени е двојно зголемен во последните 24 часа. Од направените 8.136 тестови, опасниот вирус е потврден кај 2.177 граѓани што е 26,7 отсто од тестираните. Во исто време во списокот на закрепнати се внесени 639, додека починале шест ковид пациенти, соопшти Министертвото за здравство.

Се додава дека моментно активни на болеста се 15.318, од кои 116 се на болнички третман, од нив 14 во критична состојба.

-Апелираме до граѓаните да се вакцинираат што поитно, за да го заштитат сопственото и здравјето на другите. Секој граѓанин над 16-годишна возраст може да се вакцинира во здравствените амбуланти или во најблиските вакцинални пунктови. Може да се вакцинираат и деца над 12-годишна возраст со проблеми во имунолошкиот систем, со препорака на лекар, наведува мнистерството.

Според статистиката на министерството, од почетокот на пандемијата во земјата направени се 1.542.801 тестови, позитивен резултат бил добиен кај 222.664, закрепнале 204.099 додека починале 3.247. Според епидемиолозите бројките се многу повисоки, посебно кај починатите, бидејќи се евидентраат само оние ковид пациенти кои починале во болница.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кинеска телевизија ќе плати пенали од 213 милиони долари на Премиер лигата за прекршување на договорот

Следно

Откриени детали околу смртта на Боб Сагет: Пронајден со левата рака на градите и куферите пред врата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian