Новото мнозинство е формирано на шверцерски начин, вели потпретседателот на АА, Азири

1 min read

Елми Азири, потпретседател на Алијансата за Албанците, вечерва во емисијата „200“ на телевизијата Алсат рече дека формирањето на парламентарното мнозинство е „направено на шверцерски начин“.

Според Азири, парламентот е трансформиран во институција во која се тргува “топтан“, каде не се земаат предвид ниту критериумите, ниту ветувањата, ниту довербата што им се дава од граѓаните, пишува Алсат.

„Ако се обидеме да дадеме оцена за евентуалниот успех на оваа влада, тогаш треба да се разгледаат два момента: првиот момент како се формираше оваа влада и вториот момент, историската анализа, односно оценката на досегашното работење на Владата. Што се однесува до првото, за формирање на мнозинство на шверцерски начин, што максимално го деградираше моралот на водење политика, бидејќи имаме претворање на парламентот во институција каде што се прави “топтан“ трговија без да се земат во предвид ниту критериумите, ниту ветувањата, ниту довербата дадена од граѓаните кон и довербата од другите соработници“, рече Азири.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Традицијата во Јапонија продолжи и покрај падот на цените: Продадена туна за 150 илјади долари

Следно

Убедлива победа на Саутемптон пред новиот газда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian