Костадиновска Стојчевска: Порано гледавме нарачани пресуди, сега никој не е недопирлив

1 min read

„Досега покажавме дека никој не е недопирлив и дека не се мешаме во работата на судството. Досега бевме навикнати да гледаме нарачани пресуди, судски одуки, имавме заштитени ликови кои и покрај цел криминал си седеа во фотелјите. Сега докажавме дека тоа не е веќе така“, рече вечерва пратеничката, потпретседателка на СДСМ и кандидатка за министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „200“ на ТВ Алсат.

Таа додаде дека случајот со Драги Рашковски е класичен пример дека никој не е над законот и дека нема недопирливи, бидејќи против него, како близок соработник на претходниот премиер, се води случај.

Костадиновска Стојчевска додаде дека и покрај напорите на владата, сепак опозицијата со процедурални забелешки или со „мал милион амандмани“ ги блокира „сите закони кои поради одредени причини не им се допаѓаат“.

„Ние бевме еден од малкуте парламенти што не можевме да работиме онлајн, поради бесмислените амандмани на опозицијата кои беа навредувачки и омаловажувачки“ рече потпретседателката на владејачката партија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Азискиот гепард пред изумирање, во дивината во Иран ги има само 12

Следно

Мајката на Новак апелира: Мојот син не е убиец, криминалец… Немојте да го депортирате

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian