Кинеска телевизија ќе плати пенали од 213 милиони долари на Премиер лигата за прекршување на договорот

1 min read

Високиот суд во Лондон пресуди во корист на Премиер лигата која ќе добие 213 милиони долари од кинеската телевизија ППЛајв.

Премиер лигата ги раскина договорот за ТВ правата на територија во Кина со оваа телевизиска куќа бидејќи не уплатила пари за ТВ правата во периодот од март до јуни 2020 година.

Интересно е што ПП Лајв е во сопственост на Сунинг групацијата која пак е сопственик на италијанскиот шампион Интер.

Судијата Питер Фрејзер одлучи дека ПП Лајв на Премиер лигата и должи 210.3 милиони долари плус дополнителни 2.6 милиониза дополнителни пакети на промотивник материјали.

„Премиер лигата ја поздравува одлуката на судот. Премиер лигата секогаш ќе ги раскинува договорот со носителите на ТВ правата кога ќе се прекршува договорот и кога ниту една друга опција не е на располагање“, стои во дел од соопштението на Премиер лигата.

ПП Лајв плати околу 700 милиони долари за тригодишен договор за пренесување на натпреварите од Премиер лигата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Владата ќе насочи уште 10,7 милиони евра за струја од обновливи извори

Следно

Рекордни бројки на новозаразени и во Албанија – 2.177 во последните 24 часа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian