Во Скопје приведен штипјанец за издржување затворска казна

1 min read

Полицијата денеска на улица „Антон Попов“ во Скопје привела 28-годишен маж од Штип, баран по централна потерница за издржување на затворска казна.

– Денеска во 10:00 часот на улица „Антон Попов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.А.(28) од Штип. Тој бил баран по централна потерница од  Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик, информирата од Министерството за внатрешни работи.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Kако тежината влијае на ризикот од Ковид?

Следно

Израел: Истополовите парови ќе можат да имаат деца со помош на сурогат мајки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian