Градот Јужоу во централна Кина, со население од околу 1,2 милиони, воведува карантин за да го спречи ширењето на коронавирусот по само три регистрирани случаи на инфекција, соопштија тамошните власти.
Сите случаи се регистрирани во провинцијата Хенан и се асимптоматски.
Покрај основните услуги како што се супермаркетите, ќе бидат затворени и сите јавни објекти, вклучувајќи училишта, јавниот превоз и трговските центри, јавува Си-Ен-Ен.
Оние кои работат во супермаркети, аптеки и други објекти кои ќе работат, ќе мора да приложат негативен тест за корона вирусот, соопштија локалните власти.
Во Кина се пријавени 108 нови инфекции во три провинции. Пријавени се и 21 асимптоматски случај. Кина ги евидентира симптоматските и асимптоматските случаи одделно.