ВИДЕО: Дончиќ го доби дуелот со Јокиќ, Јанг броеше до 56 против Портланд

1 min read

Доцна синоќа во НБА лигата составот на Далас на домашен терен во „Американ Ерлајн Центар“ со 103:89 славеше против Денвер.

За Маверикси најефикасен беше Лука Дончиќ со 21 поен, осум скокови и дури 15 асистенции, а на спротивната страна доминираше Никола Јокиќ со 27 поени и 16 скокови.

Во Западната конференција Далас е петтопласиран со учинок 19-18, веднаш пред Денвер на шестата позиција со 18 победи и 17 порази.

Тре Јанг имаше феноменална партија во дресот на Атланта запишувајќи 56 поени (14 асистенции) во поразот од Портланд.

За Трејлблејзерси кои славеа со 136:131 блескаше Анферни Симонс со 43 поени и седум скокови. Портланд ја прекина негативната серија на порази и после 14 триумф сезонава се наоѓа на 12 место, додека Хокси се на 12 позиција на Истокот.

НБА лига, резултати –

Филаделфија – Хјустон 133:113
Вашингтон – Шарлот 124:121
Бруклин – Мемфис 104:118
Чикаго – Орландо 102:98
Милвоки – Детроит 106:115
Њу Орлеанс – Јута 104:115
Далас – Денвер 103:89
Голден Стејт – Мајами 115:108
Портланд – Атланта 136:131
ЛА Клиперс – Минесота 104:122


www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неински: Скопскиот случај – сериозен тест дали бугарската влада е реформска

Следно

Дел од мистеријата решен: Откриено која е девојката која трча во снимките со исчезнатиот Матеј

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian