Влегува Трпана во продавница за домашни миленици и здогледува папагал по евтина цена. Продавачот ѝ објаснува дека тој папагал живеел во јавна куќа, којзнае што научил таму, затоа цената е ниска. На Трпана тоа не ѝ пречело и го однела папагалот дома.
Штом влегла дома, папагалот почнал:
– Нова куќа, нова мадам!
Трпана се насмеала и ја викнала ќерката. Папагалот викнал:
– Нова куќа, нова мадам, нова девојка!
Се насмеале и двете, ете ти го и Трпе. Папагалот:
– Нова куќа, нова мадам, нова девојка, здраво Трпе!
Извор: www.slobodenpecat.mk