Строги мерки во Албанија: На работа ниту во маркет без две дози вакцини

1 min read
Во Албанија од денеска на сила се  новите дополнителни мерки што ги донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19.

Вработените во јавната и државната  администрација, трговски центри и супермаркети, од денеска треба да достават сертификат за примени две дози  вакцина за да може да одат на работа. Ако немаат сертификат, оние кои не сакаат да се вакцинираат ќе мора да прават ПЦР  тест на секои пет дена.

Претходно премиерот ги предупреди дека сите оние кои нема да ја почитуваат оваа одлука ќе останат без работа.

Во земјата и понатаму трае полицискиот час и тоа од 23 до 6 часот. Воведен е во средината на ноември 2020 а исклучок беше само последната новогодишна ноќ.

Останува на сила и заадолжителното носење  заштитна маска во трговски центри, супермаркети, продавници и на сите оние места каде што не е обезбедено физичко растојание.

Останува на сила и забраната за собири со не повеќе од 50 лица и исполнетост  до 30 отсто од капацитетите на културни и спортски настани.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Откажан мечот на Македонија, Израел има тројца позитивни на ковид-19

Следно

ФОТО | Серискиот прељубник призна дека повторно ја изневерил Кардашијан: Имам дете со друга

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian