И овој Бадник, ден пред големиот христијански празник Божиќ, во Скопје ќе има традиционално празнување пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Драган Спасов – Дац и Александар Митевски за кумови на овогодишнешното празнување на Бадник 2022. Здравичар е Живко Поповски – Цветин.
Одбележувањето на Бадник во главниот град е во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје”, а, како и секоја година, така и оваа се очекува присуство на голем број граѓани кои со бадникарки гранчиња во рака, ќе си посакаат среќен Божиќ.
Извор: skopjeinfo.mk