Пријателите на Матеј ѝ дале грешна информација на полицијата, таткото не сака нивна помош

2 mins read

Шест пријатели на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, кои престојувале кај него во Белград во моментот кога тој исчезнал, белградската полиција ги однела на полиграфски тест, дознава порталот Нова.рс. Младите денеска се вратиле во Хрватска, што значи дека полицијата не би требало да забележи ништо сомнително при нивното распитување.

Но, само едно нешто остана забележано, а тоа е околу бојата на патиките кои всушност ги носел Матеј. Хрватските медиуми пишуваат дека пријателот на Матеј ѝ кажал погрешна информација на полицијата. Имено, ноќта кога исчезнал Матеј носел бели патики, а не црни.

Како што дознава „Слободна Далмација“, од извори блиски на Матеј, неговиот татко не сака помош од пријателот од Сплит и се` оставил во рацете на српската полиција во која има целосна доверба.

Интензивната потрага по сплиќанецот сѐ уште трае, а неговиот татко за порталот „Јутарни лист“ изјавил и дека го предупредил Матеј дека Белград, освен што е познат како град за добар ноќен живот, е и град во кој може да биде во опасност ако влезе во лошо друштво.

Меѓутоа, Матеј решил да замине на патувањето. Како што знае неговиот татко, ова било првпат да ја дочека Новата година во Белград.

Полицијата трага и по таксистот кај кој Матеј се обиде да влезе на снимките. Најверојатно се работи за „диво“ такси бидејќи ја нема официјалната TX ознака. Здружението на таксисти испратило покана до своите вработени да контактираат со оној што имал средба со Матеј, но досега никој не ги контактирал.

Нови снимки од кобната вечер, полицијата најде предмет на исчезнатиот Матеј

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Хрватски фудбалер како во хорор филм промовиран во Виетнам

Следно

Не сум геј : Актерот Игор Стојчевски отворено прозборе за приватниот живот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian