Отстранета дивоградба на улицата „Самоилова“ на Кале

1 min read

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, во придружба на градежна механизација, денеска на улица „Самоилова“ на Кале отстрани нелегално изграден објект на непознат инвеститор.

Градбата која е отстранета е објект од втора категорија, со димензии 10 метри на 5.5 метри, изграден од армирано бетонска конструкција, на земјиште сопственост на Република Северна Македонија.

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар по извршениот вонреден надзор, постапувајќи по член 134, став 1, алинеа 1 и член 137, став 1 од Законот за градење, донесе решение за отстранување на објектот, затоа што инвеститорот не поседува одобрение за градба и останата документација. Инвеститорот, согласно членот 142 од Законот за градење, има три дена за сам да постапи по решението. Откако истиот не постапил, Секторот за инспекциски работи присилно го отстрани објектот.Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти, сопштија од општината.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Цеце Тодосовска го прослави роденденот со најмилите: Прекрасна енергија споделивте со мене денеска!

Следно

Италија на 24 јануари оди на претседателски избори, Драги и Берлускони можни кандидати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian