Откажан мечот на Македонија, Израел има тројца позитивни на ковид-19

1 min read

Денеска од 18.00 часот во Скопје требаше да се игра и вториот контролен меч помеѓу репрезентациите на Македонија и Израел, но истиот е откажан поради заразени од ковид-19 кај противниците.

Информациите велат дека во редовите на израелската селекција има три позитивни случаи на ковид-19.

Така, избраниците на селекторот Кирил Лазаров остануваат со три комплетирани тест натпревари (два против Кувајт и еден со Израел) кои ги завршија успешно со победа пред заминувањето за унгарскиот Дебрецин за настапот на Европското првенство, освен доколку секако не биде закажана нова пријателски средба во следните денови.

Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид-тестирања на учесниците на 4, 7 и 10 јануари. На денешното тестирање како што е веќе објавено, сите македонски репрезентативци се негативни на ковид-19.

Ќе продолжи вториот дел од подготовките во главниот град и ќе трае до 11 јануари, а на 13 јануари ќе го имаме и првиот настап на континенталниот собир против Словенија со почеток од 18.00 часот во Дебрецин. Ривали во групата „А“ ни се уште Црна Гора и Данска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Директорот на штипската болница тврди: Свесно сакаа да направат инцидент, за бебето им реков да дојдат утре

Следно

Строги мерки во Албанија: На работа ниту во маркет без две дози вакцини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian