ЃОКОВИЌ ПОТВРДИ: Ќе игра на грен слем турнирот „Австралија опен“

1 min read

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на „Австралија опен“, објави тој на социјалните мрежи. Србинот доби дозвола од австралиските власти со медицински исклучок од независната комисија и ќе учествува на првиот Грен слем во сезоната.

Заврши сагата околу настапот на најдобриот играч на планетата во Мелбурн (17-31 јануари 2022 година), која траеше веќе подолг период.

Ѓоковиќ ги израдува сите фанови со одличен подарок за празниците и рече дека е на пат за Австралија.

– Среќна Нова Година на сите! Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Да гледате, дишете и размислувате љубов и да негувате почит кон секој човек и живо суштество на оваа прекрасна планета. Уживав што бев со моето семејство и драги луѓе, се одморив од многу долга и успешна сезона 2021. Сега се селам во Австралија бидејќи добив медицинска потврда за ослободување и подготвен сум да живеам и да дишам тенис во следните неколку недели натпреварување. Ви благодарам на сите за поддршката – напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.

Ноле е рекордер со девет освоени титули во „Род Лејвер Арената“, а веќе е познато дека го брка 21. Грен слем во кариерата со што би бил најтрофеен во историјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Птичјиот грип ни тропа на врата: Сопствениците на живинарски фарми во страв

Следно

Од денеска само со потврда за вакцинација на работа во Албанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian