Од денеска само со потврда за вакцинација на работа во Албанија

1 min read

Од денеска стапуваат на сила новите мерки воведени во врска со пандемијата, а поради ризикот од ширење на омикрон сојот на коронавирус во Албанија.

Техничкиот комитет на последната седница соопшти дека од 4 јануари вработените во јавната администрација, трговските центри и супермаркетите ќе треба да достават потврда за вакцинација за да одат на работа. Ако немаат сертификат, оние кои не сакаат да се вакцинираат ќе мора да прават ПЦР тест на секои 5 дена.

Во меѓувреме, полицискиот час продолжува од 23 до 6 часот наутро. Останува на сила наредбата за употреба на маски во затворени простории, во трговски центри, супермаркети, продавници и на сите оние места каде што не е обезбедено физичко растојание.

Останува на сила наредбата да се дозволи собирање до 50 луѓе и културни и спортски активности до 30 отсто од капацитетот во присуство на гледачи, јавува A2CNN.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЃОКОВИЌ ПОТВРДИ: Ќе игра на грен слем турнирот „Австралија опен“

Следно

ФОТО | Протече фотографија од погребот на Силвана Арменулиќ, 30.000 луѓе ја испратиле…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian