Нови снимки од кобната вечер, полицијата најде предмет на исчезнатиот Матеј

1 min read

Српските медиуми објавија две нови снимки на кои се гледаат две различни сцени пред клубот „Готик“ каде последен пат е виден Матеј Периш (27).

Како што може да се види на првата снимка, младиот човек за кој се сомневаат дека е Матеј, истрчал од клубот „Готик“. На второто видео се гледа како тој се спушта во реката.

Пронајден предмет кој му припаѓал на Матеј

Очевидците на шеталиштето Сава велат дека виделе како полицајците од саксија за цвеќе извадиле мал предмет што се претпоставува дека му припаѓал на Матеј и го ставиле во торба, пишува „Слободна Далмација“.

На лице место се наоѓаат голем број полицајци, но и нуркачи кои тргнале во потрага по Матеј Периш.

„Ништо не можеме да ви кажеме“, ни рече еден од полицајците кога го прашавме зошто се тука. Нешто пред пладне пристигна брод со четири лица. Меѓу нив е и нуркач кој се нурна во реката 5 минути пред пладне, а се наоѓа во близина на Трамвајскиот мост“, пишува Слободна Далмација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Австралијците веќе го прогласуваат невакцинираниот Ѓоковиќ за најголем непријател

Следно

ФОТО | Цеце Тодосовска го прослави роденденот со најмилите: Прекрасна енергија споделивте со мене денеска!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian