Неински: Скопскиот случај – сериозен тест дали бугарската влада е реформска

2 mins read

Позицијата на Бугарија за членството на Северна Македонија во ЕУ ќе се надградува со пет работни групи, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за БТВ.

„Нема ништо лошо да се покаже добра волја и желба да се бара решение за проблемите во случајот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Мислам дека има поле на кое можеме да разговараме и да најдеме решение за случајот за да ги задоволи двете страни“, ја коментира оваа изјава поранешната министерка за надворешни работи Надежда Неински.

Таа додава дека со билатералниот договор се решаваат спорните прашања.

-Се создаде добра основа за градење доверба. Сè што треба да се направи отсега е да се надгради овој договор. Потрагата по нов договор, повторното преговарање, ќе ја отвори Пандорината кутија и ќе овозможи одредени кругови да бараат политички дивиденди во двете насоки, рече Неински.

Според неа, секакви егзотични идеи во моментов и даваат различност на бугарската позиција и ја ослабуваат. Таа е на мислење дека Бугарија треба да зрачи со единство во својата позиција кон Северна Македонија и да води исклучително активна дипломатија.

„Убедена сум дека има кругови кои сакаат да ја разнишаат довербата на бугарското општество во нејзините партнери во ЕУ и НАТО, но верувам дека новата бугарска влада ќе најде начин да ги преброди овие стапици“, рече Надежда Неински за БТВ.

Според поранешната шефица на бугарската дипломатијата, случајот со Скопје ќе биде многу сериозен тест дали мнозинството во тамошната влада ќе биде реформаторско.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Епл е првата компанија со вредност од три милијарди долари

Следно

ВИДЕО: Дончиќ го доби дуелот со Јокиќ, Јанг броеше до 56 против Портланд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian