КК Гостивар: Уништен е паркетот во нашиот кошаркарски храм

1 min read

Непосредно пред Новата година кошаркарскиот клуб на Гостивар ја информираше јавноста за индолетниот однос и негрижата на Општина Гостивар кон најголемиот спортски амбасадор на градот.

Денеска КК Гостивар повторно со критики кон Општината и вели дека некој оттаму сака клубот да не постои.

– Ако до сега не бевме сигурни, сега веќе можеме со сигурност да констатираме дека некој во општина сака нашиот клуб и гордост на градот да не постои.

Нашиот паркет, во нашиот кошаркарски храм е уништен. Ако општината не го поддржува клубот во таа мера што треба и мора, туку и основните услови се уништуваат, а салата не се користи само од КК Гостивар.

Еве јавно прашуваме: Кој ќе плати за штетата која е нанесена? Бараме јавна поддршка од сите што го сакаат овој клуб, веќе сами неможеме да се бориме! – пренесуваат од КК Гостивар.

Веднаш потоа поради ваквата објава, КК Гостивар информираше и дека општината ги одзеде термините на клубот до понеделник и дека како што стојат работите можно е да им бидат целосно одземени термините.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Баравте-гледајте“ – следи голема ковид-експлозија, вели д-р Даниловски

Следно

Влез на Косово само со потврда за две вакцини, бројот на заболени троцифрен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian