Индиец преку аукција нудел продажба на муслиманки, полицијата го уапси

1 min read

Полицијата во Индија уапси маж кој наводно нудел продажба на истакнати муслиманки преку лажна интернет аукција, соопштија владини претставници.

Сатеј Патил, министерот за технологија во државата Махараштра, доцна синоќа изјави дека сајбер единицата на полицијата во Мумбај уапсила 21-годишен студент по инженерство од градот Бенгалуру во соседната држава Карнатака и поднела кривична пријава против него, пренесува АП.

Полицијата не го откри идентитетот на осомничениот и остана нејасно дали осомничениот имал своја веб-страница за аукции.

Фотографии на повеќе од 100 истакнати индиски муслиманки, вклучувајќи новинарки, активисти, филмски ѕвезди и уметници, беа прикажани минатиот викенд без дозвола на веб-страница и понудени на продажба преку лажна аукција, што предизвика бес низ целата земја.

Меѓу жените објавени на веб-страницата беа и 65-годишната мајка на исчезнатиот индиски студент, како и пакистанска нобеловка Малала Јусафзаи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопје и годинава со традиционална прослава за Бадник

Следно

Птичјиот грип ни тропа на врата: Сопствениците на живинарски фарми во страв

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian