ФОТО | Серискиот прељубник призна дека повторно ја изневерил Кардашијан: Имам дете со друга

2 mins read

Играчот на Сакраменто Кингс и поранешно момче на ријалити ѕвездата Клои Кардашијан, Тристан Томпсон, призна дека е татко на детето кое го родила Марали Николс, негов личен тренер. Признанието на Томпсон дојде откако направи тест за утврдување на татковство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tristan Thompson (@realtristan13)

Овој „сериски прељубник“ е виден како доаѓа по својата тригодишна ќерка Тру, која ја доби со Клои, на часови по танц само неколку часа пред да го потврди татковството на социјалните мрежи.

„Денеска резултатот од тестот за татковство покажа дека сум татко на детето Марали Николс. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки. Сега кога татковството е утврдено, се радувам на заедничкото пријателско воспитување на нашиот син. Искрено им се извинувам на сите што ги повредив и разочарав, и јавно и приватно“, напишал Томпсон и ѝ се извинил на ријалити ѕвездата Клои Кардашијан во специјална „приказна“ на Инстаграм.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Клои, ти не го заслужуваш ова. Не го заслужуваш скршеното срце и понижувањето што ти го нанесов. Не заслужуваш да те третираат онака како што јас се однесував со тебе со години. Моите постапки секако не се во согласност со тоа како јас те гледам. Чувствувам голема почит и љубов кон тебе. Без разлика што ти можеби мислиш. Повторувам, многу, многу ми е жал“, напишал Тристан Томпсон.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Марали (31) го роди нивниот син на 1 декември минатата година, а претходно призна дека останала бремена на прославата на роденденот на Тристан во март 2021 година. Интересно е тоа што во тоа време Тристан и Клои ја обновија врската која беше прекината токму поради неговите чести неверства, а на таа роденденска забава било и целото семејство на Клои. „Дејли мејл“, врз основа на увид во судските документи, дознава дека Марали ја тужела кошаркарската ѕвезда Тристан на суд и барала алиментација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maralee 🦋 (@maraleenichols)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Строги мерки во Албанија: На работа ниту во маркет без две дози вакцини

Следно

Британски професор негодува: Не можеме да го вакцинираме целиот свет на секои шест месеци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian