ФОТО | Протече фотографија од погребот на Силвана Арменулиќ, 30.000 луѓе ја испратиле…

2 mins read

Последниве недели не престанува интересот за познатиот пејач Тома Здравковиќ, но и за неговата голема љубов, пејачката Силвана Арменулиќ. За тоа, во голема мерка придонесе прикажувањето на српскиот филм „Тома“, кој кај публиката предизвика силни емоции, но и неодговорени прашања и недоречени зборови…

Која е Силвана Арменулиќ, љубовта на Здравковиќ во филмот „Тома“?

Во филмот „Тома“ можеме да видиме сцени како Силвана и Тома се сакале и дека нивната љубов била голема, но никогаш не реализирана. Меѓутоа, нивната љубов била прекината со смртта на Силвана, а тоа му го променил речиси од корен животот на Тома.

ФОТО | Мистеријата околу смртта на Силвана Арменулиќ: Да не беше таа, немаше да го има ниту Тома Здравковиќ

Да потсетиме, Силвана трагично настрада во сообраќајна несреќа на 10 октомври 1976 година, заедно со нејзината сестра, која тогаш била бремена, Мирјана и виолинистот, но сите овие години како да недостасувал еден детаљ од погребот на славната Силвана.

Инаку, Силвана е родена како Зилха Бајрактаревиќ на 18 мај 1939 година во Добој, а уметничкото име Силвана го земела по тогаш популарната актерка Силвана Мангано, чиј филм „Горчлив ориз“ ѝ бил омилен.

Она што е малку познато во јавноста или што многумина го заборавиле е дека на погребот на Силвана имало повеќе од 30.000 луѓе кои го сакале нејзиниот лик и дело, а кои со тага ја испратиле до вечното почивалиште.

ФОТО | Мистеријата околу смртта на Силвана Арменулиќ: Да не беше таа, немаше да го има ниту Тома Здравковиќ

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од денеска само со потврда за вакцинација на работа во Албанија

Следно

Еминем купи NFT за 450.000 долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian