Епл е првата компанија со вредност од три милијарди долари

1 min read

Епл стана првата компанија која достигна вредност од три милијарди долари на берзата, за да го заврши денот малку под таа граница, пишува Би-Би-Си.

Инвеститорите очекуваат дека производителот на телефоните „Ајфон“ ќе продолжи да претставува атрактивни производи додека се шири на пазарите на автоматизирани автомобили и виртуелната реалност.

Во текот на првиот ден од тргувањето во 2022 година, индивидуалната акција на компанијата достигна вредност од 182,88 долари, со што вредноста на целата компанија се искачи на над три милијарди долари.

Подоцна цената на акцијата падна за 2,5 отсто, на 182,01 долар, па пазарниот капитал на „Епл“ го заврши берзанскиот ден на 2,99 милијарди долари.

Највредната светска компанија очекува дека потрошувачите ќе продолжат да купуваат „iPhone“, „Macbook“ и услуги како „Apple TV“ и „Apple Music“ оваа година.

Apple ја достигна границата од 2 трилиони долари заедно со корпорацијата Мајкрософт, која сега има вредност од околу 2,5 милијарди долари.

„Alphabet“, „Amazon“ и „Tesla“ ја минаа границата од трилиони долари, а саудиската „Oil Corporation“ вреди околу 1,9 милијарди долари, покажуваат податоците на компанијата „Refinitiv“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Две улици во Капиштец во општина Центар со години им задаваат главоболки на жителите

Следно

Неински: Скопскиот случај – сериозен тест дали бугарската влада е реформска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian