Две улици во Капиштец во општина Центар со години им задаваат главоболки на жителите

3 mins read

Две улици во Капиштец во општина Центар со години им задаваат главоболки на жителите. Преполни се со дупки, со „избразден“ асфалт, со прекопи и пукнатини. Небезбедни се и за возење и за движење, затоа што автомобилите постојано се обидуваат да ги избегнат дупките, а пешаците, пак, обратно, да ги избегнат автомобилите и да стигнат некако до своите домови. Тоа е улицата Козара во Капиштец, која е во катастрофална состојба поради многуте објекти што истовремено се градат таму. Во ништо подобра состојба не е ниту улицата Елисие Поповски Марко, која се протега над Козара од вкрстувањето со Загрепска до Водњанска.

-Живеам на Елисие Поповски Марко, улица што одамна веќе не личи на улица. Буквално колите ги искршивме од дупките што зјаат по асфалтот. Со години е вака и никако да дојде на ред за реконструкција, да се обнови асфалтот. Ниту со кола се оди по неа, ниту пешки. Во добар дел од улицата нема ни тротоари, а и таму каде што има, се половина метар широки. Вистинска катастрофа е – вели Ивана Б., жителка на оваа улица за Слободен печат

Таа додава дека голем проблем е и слабото осветлување на улицата, па кога врне, ситуацијата станува уште полоша. Секоја година се надеваме дека нашата улица конечно ќе се обнови. Кога беше најавена летната реконструкција на еден куп улици во Центар, меѓу нив беше спомната и Елисие Поповски Марко. Ама, ете, летото помина, па избори дојдоа и поминаа и улицата си остана катастрофа – објаснува Ивана.

Друг проблем на оваа улица е и тоа што поради проблемот со недостиг на паркинг места, присутен насекаде во Општина Центар, на улицата е дозволено паркирање од едната страна, а на дел од неа во близина на локалниот диспанзер, воопшто нема тротоари туку само исцртани паркинг места.

Со оглед дека улицата е многу фреквентна затоа што се наоѓа во близина на Клиничкиот центар, самиот тој факт говори и дека е небезбедна особено за пешаците.

Од Општина Центар се свесни за тоа во каква состојба е оваа улица и најавуваат дека конечно годинава на ред доаѓа и нејзината реконструкција.

-За улицата „Елисие Поповски Марко“ во тек е изработка на проектот за реконструкција. Почетокот на градежните работи е планиран за крај на април/почеток на мај, во 2022 година – велат од Општината за порталот. 

Фото: Слободен печат

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

НАЈДОБРАТА ДИЕТА НА СВЕТОТ 4 ГОДИНИ ПО РЕД: 10 килограми помалку за еден месец!

Следно

Епл е првата компанија со вредност од три милијарди долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian