Димитар Ристовски: Мијалков не случајно e дома кога Владата е во оставка

1 min read

Одлуката на Апелацискиот суд на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков да му го замени затворскиот со домашен притвор не случајно се совпадна со периодот кога Владата е во оставка, сметаат безбедносни експерти.

– Одлуката се донесе во време кога едниот премиер е во оставка, а неговиот наследник уште не седнал во премиерската фотелја. Некој толку добро го одбрал тој период за да не може на никој да му се стави на товар дека тоа го „сработил“ – ни изјави професорот по безбедност Димитар Ристовски.

Ристовски не го исклучува и влијанието на Мијалков врз судството.

– Не е за занемарување фактот дека некој судија можеби поради „минат труд“ гласал Мијалков да биде ослободен од притвор со многу голема гаранција. Што е потрагично, ни ОЈО ни судот не прашаа како го стекнал тој имот – вели Ристовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Израел: Истополовите парови ќе можат да имаат деца со помош на сурогат мајки

Следно

Австралијците веќе го прогласуваат невакцинираниот Ѓоковиќ за најголем непријател

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian