Буџетот не Град Скопје директно ќе биде погоден од поскапувањето на горивото кое го користи ЈСП, велат од ВМРО-ДПМНЕ

1 min read

Стандардот на граѓаните е на удар поради поскапувањето на електричната енергија за над 15%, ако се земе предвид дека покрај основното поскапување од 9,5% укината е и евтината дневна тарифа. Ова значи дека секое семејство ќе плати поскапа струја на крајот на годината исто како да плаќа две дополнителни сметки, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од опозициската партија велат дека дополнително за граѓаните на Скопје поскапи парното греење за 14,05%.

-Ова значи дека близу 60 илјади домаќинства ќе бидат на удар и дополнително осиромашени.Капак на се е поскапувањето на ЦНГ метанот за неверојатни 120%, гориво кое патем се користи и од страна на ЈСП при што, директно ќе биде погоден буџетот на град Скопје.Ваквите поскапувања дополнително ќе ја разгорат инфлацијата, која и така веќе го разјадува семејниот буџет на секој човек. Цените на производите и услугите и без овие нови покачувања се качија до плафон, а сега дополнително ќе растат. Но тоа не ги интересира милионерите од власта на заевизмот, кои јадат со златни лажици и уште без срам го уверуваат народот дека поскапувањата не се големи, посочуваат од партијата. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Научниците пронајдоа нов дел од човечкото тело – за што служи

Следно

ВИДЕО: Кина затвора милионски град по три регистрирани случаи на коронавирус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian