ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 17 степени

1 min read

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со појава на значителна ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 13 степени.

Според Управата за хидрметеролошки работи,  во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Локални врнежи од дожд ќе има во четврток.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од лекари: Поради пандемијата очекуваме повеќе кратковиди деца

Следно

Американскиот секретар за одбрана Остин позитивен на ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian